Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Амазон го отвори првиот европски центар за воздушна достава на пратки

Американскиот гигант за онлајн малопродажба, Амазон, го отвори во Германија првиот европски центар за испорака на авио-пошта.
Центарот во Шкеудиц, близу Лајпциг, е отворен на почетокот на месецов и во моментов има закажани два лета на ден.

Амазон најави дека ќе вработи вкупно 200 работници за потребите на центарот.

Компанијата во моментов има повеќе од 70 авиони, а во центарот ќе ангажира два авиони Боинг 737-800, со кои ќе управува АСЛ ерлајнс. Клиентите на авиокомпанијата ги вклучуваат и логистичките гиганти FedEx Feeder и DHL Express.

На почеток
error: