#ОХРИД

Амбасадорката на Германија во Охрид: Разговараме и за унапредување на туризмот, за зачувување на животната средина

Објавено на


„Особено ми е драго што денеска моја гостинка беше амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн. Со амбасадорката разговаравме за последната одлука на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО и сите активности кои ги презедовме за зачувување на уникатните аспекти на Охридскиот регион. Чест ми е што амбасадорката Холштајн ги поздрави посветеноста и заложбите на Општина Охрид за исполнување на препораките на УНЕСКО и владеењето на правото. Имавме можност да разговараме и за унапредување на туризмот, за зачувување на животната средина, за локалниот економски развој во Охрид и придонесот на германските инвестиции во делот на отворањето на нови работни места и подигнување на животниот стандард“, напиша Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид

Трендинг

Exit mobile version