#ТРЕНД
Анџелина Џоли со емотивен текст за мајка ѝ Марселин
Познатата актерка Анџелина Џоли, по повод Денот на мајката, напишала текст за New York Times, во кој зборува за мајка ѝ Марселин.
„Ја изгубив мајка ми во моите 30-ти. Кога помислувам на тој период, можам да видам колку ме промени нејзината смрт.
Не беше ненадејна, но многу работи се променија внатре во мене. Губењето на љубовта и топлата прегратка на мајката е како некој да ви ја одземал заштитата“, напишала Џоли.
Исто така таа се присети и на разделбата на нејзините родители, но и за разделбата со Бред Пит
„Кога татко ми имаше афера, ми се промени животот. Тоа ѝ го уништи сонот на мајка ми за семеен живот. Но, таа сепак сакаше да биде мајка.
Животот ми приреди многу пресврти. И јас загубив нешто и гледав како животот ми се движи во друга насока. И, боли многу повеќе отколку што замислував“, напиша актерката.
Инаку мајката на Анџелина Џоли почина во 2007 година од рак.