#ТРЕНД
Ана Брнабиќ ќе живее во вилата на Јованка Броз
Српската премиерка Ана Брнабиќ наскоро ќе почне да живее во вилата во којашто со децении живееше вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз. Луксузната вила на Дедиње е ставена е во објектите за репрезентативни потреби на Република Србија, одлуката е објавена во Службен весник, ја потпишала Брнабиќ, заради што српските медиуми пишуваат дека „премиерката сама на себе си ја додели вилата од Јованка“.
За сега не се знае кога Брнабиќ ќе се пресели во државната вила, позната и како „Бор“, но куќата е скоро целосно подготвена за премиерката и нејзиното семејство. Таа изминативе месеци беше реновирана, по речиси шест децении.
Медиумите во Србија пишуваа дека за нејзиното реновирање се платени меѓу 30 и 50 милиони динари (околу 340.000 евра), иако директорот на Републичката управа за имот, претходно изјави дека за целосна реконструкција на објектот се потребни околу 2,5 милиони евра.
Јованка Броз, вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на 20 октомври 2013 година и оттогаш вилата што ја доби од државата, седи празна.