#ТРЕНД

Анабела за свршувачката на ќерка и дознала од медиумите

Објавено на

Српската пејачка Анабела Атијас од медиумите дознала дека нејзината ќерка Луна Џогани ќе се мажи. Таа и Луна не разговараат веќе неколку месеци, а причината за кавгата е Марко Миљковиќ, вереникот на Луна.

„Не знаев ништо. Цел ден бев во Панчево и не сум слушнла за веридбата до сега, од вас. Не знам што да кажам, ѝ посакувам многу среќа на Луна, тоа е сè“, рекла Анабела за српските медиуми.

Луна е најстарата ќерка на Анабела и Гаги Џогани, од популарната група „Фанки Џи“. Мајката и ќерката иако беа многу блиски, престанаа да разговараат во времето кога и двете учествуваа во реалното шоу „Задруга“. Таму постојано се караа и навредуваа, а неколку пати и се степаа пред камерите. Уште тогаш двете изјавија дека се откажуваат една од друга и велеа дека не сакаат да се видат никогаш.

Трендинг

Exit mobile version