Асфалтиран дел од улиците „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“. На „Момчило Јорданоски“ се асфалтира делот од кружниот тек до пресекот со улицата „Прва македонска ударна бригада“ во должина од 230 метри и ширина од 5,70 метри, а делот кој се асфалтира на „Прва македонска ударна бригада“ е во должина од 840 метри во насока кон манастирот „Св. Атанасиј“, а ширината изнесува 4,50 метри.
Активностите за асфалтирање се реализираат согласно годишниот план за асфалтирање на општина Охрид, а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа.