Медиасет.мк

#ТРЕНД

Авалон со закани бараше да се вратат концертите, сега го откажа Охрид колинг

Авалон Продукција се закани дека доколку до крајот на јули не се вратат концертите, следи катанец само за Македонија, а само еден месец подоцна преку објава на Фејсбук известија дека Охрид колинг оваа година нема да се одржи.

„Со огромно жалење ве информираме дека иако Комисијата за заразни болести во земјава дозволи да се одржуваат јавни open-air настани со 50% намалени капацитети, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одлучивме OHRID CALLING да го одложиме за следната година.

Сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на OHRID CALLING ќе биде ТРИ дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид.

Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година- обединети!

Дотогаш, подготвувајте се за OHRID CALLING 2021 и заедно да ги надоместиме сите пропуштени забави на следното издание, на вашиот омилен фестивал!

А, кога зборуваме за културата и музиката во Македонија… ние сме секогаш тука да го пронајдеме лекот“, стои во објавата на Фејсбук.

https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/photos/a.240053666022668/3551176618243673/?type=3&theater

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: