Австралиската авиокомпанија „Кантас“ нуди седумчасовен лет околу Австралија за луѓето на кои им недостасува летањето.
„’Кантас’ ќе изведе посебен лет над Северната Територија, Квинсленд и Нов Јужен Велс како одговор на честите барања на патниците на кои им недостасува летањето и едноставно сакаат да бидат на небото“, се вели во соопштението на компанијата.
„Билетите се распродадоа за 10 минути“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на „Кантас“.
„Тоа е веројатно најбрзо продадениот лет во историјата на ‘Кантас’. На луѓето очигледно им недостасува патувањето и искуството со летање. Ако побарувачката е голема, ние дефинитивно ќе реализираме повеќе вакви летови додека чекаме да се отворат границите“, рече извршниот директор на компанијата, Алан Џојс.
За патувањето не е потребен ниту пасош.
Авионот ќе полета на 10 октомври од Сиднеј.
