Медиасет
Авиокомпаниите укинуваат два милиони седишта поради поскапување на горивото
Околу два милиони авионски седишта се отстранети од глобалните распореди на летови во мај, бидејќи авиокомпаниите ги намалуваат капацитетите поради наглиот раст на цената на авионското гориво, соопшти компанијата „Cirium“.Според податоците на таа компанија, во мај ширум светот се планирани околу 13.000 летови помалку, што е последица на прилагодувањето на авиокомпаниите на пазарните услови на горивото, кое е погодено од нарушувања во снабдувањето поради конфликтите на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот теснец, пренесе „Гардијан“.Најголеми намалувања се забележани во Истанбул и Минхен, каде превозниците како „Туркиш Ерлајнс“ и „Луфтханза“ редуцирале дел од летовите.Луфтханза, според наводите, укинала околу 20.000 кратки летови кои ги извршува нејзината подружница.Цената на авионското гориво е повеќе од двојно зголемена од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток и нарушувањата во снабдувањето, иако повеќето авиокомпании наведуваат дека моментално нема физички недостиг на гориво поради постојните залихи.Некои компании, вклучувајќи ги „ИзиЏет“ и „Виз Ер“, најавија дека планираат да ги задржат летните распореди и покрај притисоците врз трошоците.Аналитичарите предупредуваат дека Европа, а особено Обединетото Кралство, би можела да биде меѓу најзагрозените поради високата зависност од увоз на авионско гориво и ограничените рафинериски капацитети.Владата на Обединетото Кралство најави дека разгледува вонредни мерки, вклучувајќи можно спојување на летови и пофлексибилно користење на аеродромски слотови, за да се избегнат нарушувања во текот на летната сезона.