Медиасет
„Автентична енергија и големо срце“ – МНТ во среда ќе му оддаде почит на Кирил Поп Христов
На 18 март (среда) во 11 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар ќе се одржи комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили.„На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура.Кирил Поп Христов – Кили ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон театарот.Неговиот уметнички придонес и човечност ќе останат трајно врежани во културната меморија“, врлат од МНТ.