Медиасет
Бајден: Нема да го помилувам Хантер доколку биде виновен
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека нема да го помилува својот син Хантер, во случај да биде осуден во сојузната држава Делавер, каде што му се суди за кршење на законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје.
Џозеф Бајден во интервју за ABC News ја отфрли можноста за помилување на Хантер и посочи дека ќе го прифати исходот од судењето, пренесува РТС.
Џозеф Бајден во интервју за ABC News ја отфрли можноста за помилување на Хантер и нагласи дека ќе го прифати исходот од судењето.
Судењето на Хантер Бајден по три точки за нелегално поседување оружје започна оваа недела.
Обвинителите ѝ кажаа на поротата дека синот на американскиот претседател е „зависник од дрога кој лажел на формулар за да купи пиштол“ и рекле дека „никој не е над законот“.
Хантер Бајден се изјасни за невин по три точки од обвинението во кои се обвинува дека не изјавил дека бил зависник од нелегални наркотици кога го купил пиштолот и дека нелегално го поседувал оружјето 11 дена.
Во посебна постапка, Бајден Јуниор е обвинет за даночно затајување. Федералните обвинители го обвинија за низа даночни прекршоци поради години не поднесување даночни пријави.
Во обвинението се наведува дека тој избегнал да плати најмалку 1,4 милиони долари федерални даноци што ги должел од 2016 до 2019 година.
Се додава дека наместо тоа, тој потрошил огромни суми пари на, како што се вели, дрога, деловна придружба, луксузни хотели, автомобили, облека и други предмети, вклучително и повеќе од 70.000 долари за програми за одвикнување од дрога.
Се очекува и во таа постапка да почне судењето.