Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Бекер: Не би можел повторно да му бидам тренер на Ѓоковиќ

Медиасет.мк
пред 2 години

Борис Бекер е изненаден од одлуката на Новак Ѓоковиќ да го прескокне Мастерсот во Мадрид.

По поразот во полуфиналето во Монте Карло, светскиот рекет број еден реши да не игра ниту во Шпанија, па се очекува да се врати на терените во мај во Рим.

Новак пролетва ја заврши соработката со Горан Иванишевиќ, но Бекер вели дека не би бил подготвен повторно да соработува со Новак доколку тоа го побара српскиот тенисер.

"Мислам дека сега бара нешто поинакво. Не сум сигурен дека ни тој знае точно што е тоа. Секогаш ќе ми биде близок пријател, секогаш зборуваме за тенис. Но, не можев повторно да бидам негов тренер затоа што веќе бев, тоа би било чекор назад“, вели Бекер.

Новак веќе пропушти некои турнири оваа сезона.

Не беше на теренот во текот на февруари, потоа го пропушти Мастерсот во Мајами, а сега овој во Мадрид.

"Бев изненаден од неговата одлука за Мадрид. Мислам дека во оваа фаза му недостасуваат натпревари. Му треба конкуренција. Мислам дека приоритет му е да освои злато за Србија на Олимписките игри во Париз, па можеби се прилагодува на тоа, за да биде уште свеж во јули, тоа би можело да биде причината никогаш да не го потценувам и да не сметам на него“, заклучи Бекер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 2 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 1 седмица

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 1 седмица

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања