Белата лавица Соња e најновата жителка на скопската зоолошка градина, а надлежните во Зоо Скопје откриваат дека таа дошла од Унгарија.
Белите лавови, чија карактеристична светла боја на крзното е предизвикана од ретка генетска мутација, потекнуваат од југот на Африка, и се сметани за свети животни во тамошните култури.
Во природата има останато само уште околу 15 бели лавови, кои живеат во Јужнофриканската Република.
