Connect with us

#ТРЕНД

Бен Афлек му дал ламборџини на синот, па Семјуел удрил во БМВ


Синот на славниот актер Бен Афлек, 10-годишниот Семјуел, деновиве му зададе доста главоболка на својот познат татко. Имено, момчето се „пробувало“ зад воланот на ламборџини на татка си во Лос Анџелес, кога случајно се судрило со БМВ кое било паркирано зад него. Десетгодишниот Семјуел се упатил со својот татко и неговата девојка, пејачката и актерка Џенифер Лопез во продавница за луксузни автомобили, а во еден момент Афлек му дозволил на својот син да седне на возачкото седиште додека бил вклучен моторот на неговото жолто Ламборџини.

Семјуел потоа во еден момент „стави рикверц“ и автомобилот го допре предниот дел на белото БМВ кое беше паркирано зад него. Семјуел беше на возачкото место со отворена врата, додека неговиот татко Афлек беше помеѓу вратата и возачкото седиште, а Лопез седеше зад Семјуел на страната на возачот. По контакт со друго возило, Афлек отишол да види што точно се случило, а од автомобилот излегол и неговиот син.

Кога утврдиле дека штетата не е страшна, актерот го гушнал синот додека Џенифер го држела за рака и си заминале. Портпаролот на познатиот актер за порталот ТМЗ изјавил дека немало никаква штета и дека двете страни се задоволни и дека немало никакви проблеми.

Семјуел е најмалото дете на Бен Афлек и поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а заедно имаат и две ќерки – 13-годишната Серафина и 16-годишната Вајолет.

#ТРЕНД

Морскиот мраз на Антарктикот достигна ново рекордно ниско ниво

Морскиот мраз на Антарктикот достигна ново рекордно ниско ниво

Мразот од морето на Антарктикот достигна историски минимум од 1970 година кога сателитите за мерење на мразот почнаа да ја мерат покриеноста со воден мраз.

Ветерот и потоплиот воздух ја намалија водната ледена покривка на само 1,91 милион квадратен километар, според најновите мерења на 13 февруари, јавува Би-би-си.

Истражувањата, крстарењата и рибарските бродови покажуваат слична слика околу континентот дека повеќето делови се практично без мраз, а само во Веделското Море доминира ледената покривка.

Се проценува дека годинешниот рекорден минимум морски мраз е под влијание на невообичаено високите температури на воздухот на западниот и источниот дел на Антарктичкиот Полуостров, кои се еден и пол степени над просекот, како и на варијацијата на атмосферскиот притисок околу Антарктикот, што влијае на ветровите што го опкружуваат континентот.

Последните три рекордни години за низок морски мраз се случија во 2017, 2022 и сега во 2023 година.

Continue Reading

#ТРЕНД

Костадиновска-Стојчевска за Скопје – европска престолнина на културата: Имаме потенцијал, кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание

Костадиновска-Стојчевска за Скопје – европска престолнина на културата: Имаме потенцијал, кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, денеска, на сцената „Школка“ во Градскиот парк, на прес-конференција ги објаснија сите натамошни случувања и процедури поврзани со „Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година“.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека „Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година“ – звучи прекрасно, звучи надежно, но тоа обврзува и на многу, многу работа.

„Оваа титула, која на нашиот главен град му ја доделија експертите од Европската комисија, не е награда. Тоа е шанса, тоа е можност и како министерка за култура убедена сум дека ќе дадеме сè од себе во 2028 година да бидеме горди на Скопје и Скопје на нас. На оваа титула гледам и како на предизвик да се обединиме во идејата и да им овозможиме на Скопје и на неговите жители, но и на сите македонски граѓани, да се чувствуваат европски“, рече Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во Градскиот парк.

Таа потсети дека, препознавајќи ја вредноста, но и тежината на титулата европска престолнина на културата, Владата, преку Министерството за култура, се обврза на безрезервна поддршка, и финансиска, и кадровска и инфраструктурна, во служба на „Скопје 2028“. Како што нагласи Костадиновска-Стојчевска, ова е проект во што ќе се вложува со години, а тоа беше многу важен аспект за Скопје да ја добие титулата европска престолнина на културата.

„Придобивките се огромни, можностите се неисцрпни. Ги повикувам на креативна мобилизација сите културни работници и уметници, независната културна сцена, младите автори, иновативните луѓе, креативните индустрии, невладиниот сектор, туристичките работници, занаетчиите, бизнис-заедницата, медиумите… Имаме потенцијал, кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание. Ова треба да е наша заедничка инвестиција во една незаборавна година, година во која Скопје ќе биде достојна и впечатлива европска престолнина на културата“, потенцира Костадиновска-Стојчевска.

Нагласувајќи дека изборот на Скопје за европска престолнина на културата за 2028 година е огромен успех за македонската култура и тест за нашиот однос кон неа, министерката за култура истакна дека европските експерти ја уважија нашата посветеност и подготвеност да одговориме на предизвиците што со себе ги носи 2028 година и, како што рече, тоа мора и да го оправдаме.

„Во 2028 година Скопје нема да биде крстопат, туку точка на средба на културите што своето богатство, уникатност и различност ќе ги стават во функција на утврдување и засилување на европското чувство кај сите. Затоа треба да имаме на ум дека европска престолнина на културата е, пред сè, идеја, а потоа титула. Суштината на таа идеја сме ја разбрале ако и културата ја разбираме како мотор на нашиот севкупен развој. Горивото е во знаењето, во креативноста и во иновативноста“, истакна Костадиновска-Стојчевска и додаде дека нè чека обемна работа во која мора да го вложиме целиот креативен и организациски потенцијал, а европските експерти будно ќе го следат секој наш чекор.

Претходно, во рамките на настанот, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, присуствуваше и на работилницата за македонско народно творештво на Детскиот културен центар „Карпош“ .

На денешната прослава на тутулата Скопје – европска престолнина на културата и на прес-конференцијата, која беше во организација на Град Скопје, беше подготвена и забавна програма, музички настапи, интерактивни активности и гастрономски уживања.

Continue Reading

#ТРЕНД

Холивудските сценаристи го прекинаа штрајкот во пресрет на гласањето за конечен договор

Холивудските сценаристи го прекинаа штрајкот во пресрет на гласањето за конечен договор

Синдикатот на холивудските сценаристи соопшти дека неговите членови може да се вратат на работа додека реши дали ќе прифати тригодишен договор, кој вклучува зголемување на хонорарите, заштита во однос на употребата на вештачката интелигенција и исплата на хонорари од прикажување серии и филмови на стриминг-платформите.

„Раководството на Здружението на сценаристите на Америка (WGA) во средата едногласно гласаше за прекин на штрајкот“, се наведува во соопштението на здружението. Членовите, чија бројка изнесува околу 11.500, имаат рок до 9 октомври да гласаат за предложениот договор.

Филмските и телевизиските писатели ја напуштија работата во мај откога не успеаја да постигнат договор со големите студија, вклучувајќи „Волт Дизни“, „Ворнер брос дискавери“ и „Нетфликс“.

Се чини дека сценаристите добија отстапки во сите сегменти, со покачувања на хонорарите во текот на тригодишниот прелиминарен договор, зголемени здравствени и пензиски придонеси и заштитни мерки против вештачката интелигенција (AI).

Според рамковниот договор постигнат во неделата, вештачката интелигенција не може да се користи за поткопување на авторитетот на сценаристите. Сценаристите може да изберат да користат вештачка интелигенција при изработка на сценариото, но компанијата не може да инсистира на користење софтвер.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: