Медиасет

Без бесконечно скролање: апликација нуди ТВ-искуство на Јутјуб

Објавено на

Програмерот Стивен Ирби разви веб-апликација наречена „Ченел Сурфер“, која нуди поинаков начин на користење на платформата Јутјуб. Наместо бесконечно пребарување и алгоритамски препораки, апликацијата функционира слично како класична кабелска телевизија.Корисниците можат едноставно да „префрлаат канали“ и да се вклучат во видео кое веќе се емитува, како кај традиционалната телевизија.Во почетната верзија има околу 40 тематски канали, кои опфаќаат области како вести, спорт, музика, игри, технологија, вештачка интелигенција и вселена, пренесува „Андроид Ауторити“.Апликацијата нуди и електронски телевизиски водич што го прикажува програмот за следните 24 часа, овозможувајќи им на корисниците однапред да видат што ќе се емитува на секој канал.Идејата зад проектот е да се намали таканаречениот „замор од одлучување“, односно проблемот кога корисниците трошат многу време избирајќи што да гледаат. Наместо тоа, концептот е да се врати едноставното искуство на гледање – да се вклучи канал и да се гледа програмата што во моментот се емитува.

Трендинг

Exit mobile version