Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Безос: Овојпат одиме на Месечината за да останеме

Медиасет.мк
пред 1 месец
29102017155418_web_401089-dzhef-bezos-tret-najbogat-chovek-na-svetot-bafet-ima-pomalku

САД планираат не само повторно да се вратат на Месечината туку и таму да воспостават трајно присуство. Основачот на „Blue Origin“ и сопственик на „Amazon“, Џеф Безос, неодамна зборуваше за плановите за идните мисии.

„Овојпат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека нема да станува збор за уште една мисија по која астронаутите ќе се вратат дома.

Според него, целта е да се изгради стабилна и одржлива база од која ќе може да се истражува Месечината и да се реализираат нови откритија.

Безос потсети дека во 1969 година за лет до Месечината било потребно да се издвојат околу три проценти од американскиот БДП. Тој смета дека луѓето би можеле повторно да летаат на Месечината веќе во 2028 година.

„Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос, нагласувајќи ја новата вселенска конкуренција меѓу двете земји.

Тој смета и дека Месечината, до која, според него, се стигнува за околу три дена, во иднина ќе стане неизбежна логистичка станица за човечките мисии кон Марс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

TikTok

Компанијата зад ТикТок подготвува нов ВИ-агент за конкуренција на Цукерберг

Технологија | пред 28 минути

microsoft

Што се случи со „Мајкрософт“ и дали податоците на корисниците се безбедни?

Технологија | пред 3 часа

media-libraryjqsa2fqs9qeq5KFL96Z

Италија ја казни Мета со 805 милиони евра поради пристап до фотографии на корисниците

Технологија | пред 23 часа

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања