#ТРЕНД
Бијонсе со девет номинации на „Греми“ наградите
Поп-ѕвездата Бијонсе освои намногу – девет номинации за доделувањето на следните награди „Греми“. Меѓу нив и за песна на годината, како што објавија организаторите денес.
Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63. издание на свеченоста. Добитниците ќе бидат објавени на 31 јануари в година.
Американката Свифт и Липа се натпреваруваат за најважната награда – албум на годината – заедно со Пост Мелоун, Колдплеј, Хаим, Џејкоб Колиер, Блек Пума и алтернативната аренби- пејачка Џене Аико.
Бијонсе е номинирана главно поради песната Black Parade, која ги слави црнечката култура и активизмот, а беше пуштена за време на минатогодишните протести против системскиот расизам и полициската бруталност против Афроамериканците. Black Parade ќе се натпреварува за песна и за спот на годината заедно со Don’t Start Now на Дуа Липа.
Албумот на Тејлор Свифт – Folklore – е номиниран за албум на годината, а нејзината Cardigan за песна на годината.
Во категоријата најдобар нов изведувач се најдоа раперите Меган ди Сталион и Доџа Кет, како и алтернативната уметница Фиби Бриџерс.