Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Бидете во чекор со времето, ова се петте технолошки трендови за годинава

Социјалните мрежи денес се составен дел од животот и дел од секојдневната рутина на секој човек. Поради тоа, не е ни чудо што дигиталната стратегија сè повеќе станува задолжителен дел од деловната стратегија на повеќето компании и бизниси.

Во теорија, концептот е многу едноставен. Ја следите вашата целна група и ѝ сервирате релевантни содржини, но сите го прават истото и се појавува проблем – презаситеност на социјалните мрежи со содржина. Затоа е многу важно да ги следите трендовите и да се трудите да бидете пред конкуренцијата.

Експертите советуваат дека треба да бидете во чекор со времето, а ова се петте главни трендови за 2020 година.

1. Зголемена популарност на краткотрајните содржини

Ова се однесува на содржината со кратко траење што не е достапна по одредено време. Пример за ова се Инстаграм, Снепчет и Фејсбук. Причината за популарноста на овие формати е тоа што вниманието на луѓето сè повеќе опаѓа што е предизвикано од премногу достапни информации. Ова е поткрепено со фактот дека во јануари 2017 година, 150 милиони луѓе дневно објавувале приказни, а во јануари 2019 година тој број изнесувал 500 милиони.

2. Пораст на популарноста на социјалните мрежи со специфична содржина

Фејсбук и Инстаграм се најголемите, најпопуларните и сеопфатните платформи, но тие не се единствените. На пример, TikTok е социјална мрежа за кратки видеосодржини особено популарна кај помладата популација, LinkedIn останува првиот избор за деловни контакти, а Twitch е најатрактивна социјална мрежа за гејмерите.

3. Инстаграм го укинува бројот на лајковите

Можеби веќе сте ја забележале оваа промена на вашите профили бидејќи Инстаграм почна постепено да ја воведува, но во почетокот на 2020 година ќе ја има на сите профили. Ова значи дека увидот во вкупниот број лајкови на една објава ќе биде видлив само за корисникот на профилот. Образложението за воведување на оваа новина е тоа што луѓето почнаа да се вреднуваат според лајковите што ги добиваат, а тоа негативно влијае врз менталното здравје. Но, прашањето е дали тоа е вистинската причина за промената или Инстаграм сака да го спречи понатамошниот развој на маркетингот на инфлуенсерите, со цел да се зголеми профитот од класичното рекламирање во рамките на самата платформа.

4. Проширување на трговијата преку социјалните мрежи

Сè повеќе компании ги користат социјалните мрежи за директна продажба, а овој тренд има тенденција да продолжи и во наредните години.

5. Видеото како доминантен формат на содржина

Видеосодржината е најпримамлива за корисниците и се смета дека стигнува до голем број корисници. Исто така, видеорекламите што се поставени на Фејсбук и на Инстаграм се над десет пати поевтини од оние што содржат само фотографија, а се претпоставува дека до 2022 година, видеото ќе сочинува дури 82 % од целата содржина на Интернет.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: