Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Билбилов: Кога во своето дете ќе си ги видиш сопствените мани, тоа истовремено и те нервира и те засмева

204634464_489376302316734_8547702385057636539_n

Роберт Билбилов 20 години е на музичката сцена и како композитор и како пејач. Не мислел да пее, ама „Тајните ангели“ која некогаш беше хит, наместо да ја даде на пејачот за кого ја напишал, ја задржал за себе. Раде Врчаковски-Врчак, го наговорил за оваа работа и така од композитор, Билбилов стана и пејач.

Она што тргнало на шега, за Роберт денес е сериозна професија, а веќе работи и на третиот албум кој ќе излезе до крајот на годината.

Неговиот татко, починатиот композитор Хилми Билбил, е автор на една од најпопуларните фолк-песни кај нас, „Бисер балкански“. Па не случајно и на Билбилов компонирањето му е во гените. Од дете ги учел тајните на музиката и сѐ она што ќе му кажел татко му.

„Татко ми почина кога имав 15 години. Знам, ќе ми оставеше касета со некоја песна и пред да оди на работа ќе ми речеше да пробам да ги најдам нотите. Во тоа време се натпреварував со него, сакав да му покажам дека можам да завршам сè, па знаев и уморен и ненаспан да го чекам да си дојде за да му се пофалам“, се сеќава Роберт. Тој со многу емоции зборува за својот татко. Вели дека често на својот син му раскажува приказни за детството и времето поминато со познатиот композитор.

„Давид сака да знае сè за дедо му, ме прашува за него. Разговараме ние и за девојки, има симпатии и страв му е едната да не му се налути заради другата. И многу ме потсетува на мене. Знаеш, кога во своето дете ќе си ги видиш сопствените мани, тоа истовремено и те нервира и те засмева“, раскажа Роберт за „Репортер“.

Разговаравме за времињата кога се дружел со Јован Јованов и Врчак. Ни откри и во какви односи е сега со поранешната сопруга Ана со која беше во пет години во брак и со која го има синот Давид.

“И покрај разделбата, со Ана научивме да функционираме како родители на нашето дете”, ни рече Роберт. За ова, но и зошто не би сменил ништо од минатото и пак би избрал да стане татко на 24 години…. гледајте го интервјуто.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-libraryfaul4q1n9djoaUewPKb

Покрената петиција за откажување на настапот на Јаков Јозиновиќ во Сплит по концертите во Ниш и Нови Сад

пред 6 часа
media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Хакерски напади низ Европа: украдени 100 милиони евра, парализирани болници и банки

пред 6 часа
darko-dimitrov ВИДЕО

(Видео) „Од осмо одделение имав фирма за компјутери“ – Дарко Димитров за почетоците пред музиката

пред 7 часа
media-librarydi38upvdqccleEeby1u

„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла

пред 7 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања