Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) „Од осмо одделение имав фирма за компјутери“ – Дарко Димитров за почетоците пред музиката

darko-dimitrov

„Од осмо одделение имав фирма за компјутери. Продавав програми“, раскажа Дарко Димитров во „До полноќ со Принц“.

Како ученик се занимавал со програмирање и барал луѓе со кои ќе соработува. Подоцна, истото знаење го искористил за да почне да прави музика.

Првиот контакт со компјутерите го имал преку татко му, композиторот и продуцент Славе Димитров, кој користел „Комодор 64“ за музика. Во 1991 година, Дарко отишол со брат му во Германија и таму купил „Амига“. На тој компјутер ја направил преработката на „Чудна жена беше Вера“ со „Нулта позитив“.

„Го споив тоа што го работев во компјутерите, го споив во музиката“, рече Димитров.

За обработка на звукот набавил дигитализатор, а на располагање имал само четири канали. Со кратки звучни примероци го направил ритамот за песната.

„Отвори го пенџерчето“ ја испрограмирал дома. Кога дошло време за снимање, татко му го однел во студиото М2.

Дарко и претходно одел таму додека Славе работел, а овојпат првпат влегол да сними своја песна. „Таa ми е таа една прва професионална, баш професионална снимка“, се присети тој.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-librarydi38upvdqccleEeby1u

„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла

пред 32 минути
media-libraryfvf9jl4dvblq8IFGGWJ ВИДЕО

(Фото) „Филмската индустрија кај нас е издишана“ – Тони Михајловски за состојбата со домашната продукција

пред 3 часа
media-libraryk1bn9q4er8bm6cerbR1 ВИДЕО

(Видео) Дарко Димитров вели дека Боки 13 е „виновен“ што почнал да работи низ цел Балкан: „Да не си бил ти, јас може уште би седел тука“

пред 4 часа
media-librarynh6jpqeo7o94eALquEx ВИДЕО

(Видео) Тони Михајловски смета дека театарска карта треба да чини 3.000 денари. Еве како го објаснува тоа

пред 4 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања