Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Покрената петиција за откажување на настапот на Јаков Јозиновиќ во Сплит по концертите во Ниш и Нови Сад

media-libraryfaul4q1n9djoaUewPKb

Дел од граѓаните на Сплит бараат да биде откажан новогодишниот настап на српскиот пејач Јаков Јозиновиќ, закажан за 31 декември. На платформата „Петиције.хр“ е покрената петиција со која од градоначалникот Томислав Шута се бара да го откаже концертот и да не дозволи негово финансирање со јавни средства.

Иницијативата, насловена „Сплит памти! – Откажување на настапот на Јаков Јозиновиќ по пеењето во логорот СПЕНС и во Ниш“, досега ја потпишале повеќе од 1.600 луѓе, а целта на организаторите е да соберат 5.000 потписи.

Како причина за барањето ги наведуваат неговите претходни настапи во Нови Сад и Ниш. Покренувачите на петицијата сметаат дека со концертот во салата СПЕНС во Нови Сад ги занемарил чувствата на преживеаните хрватски логораши. Според нивните наводи, по падот на Вуковар во 1991 година, во салата биле затворени и малтретирани хрватски бранители и цивили, а преживеаните наводно апелирале пејачот да го откаже настапот или да го премести на друга локација.

Како дополнителна причина го посочуваат и концертот во Ниш, одржан три дена пред 18 ноември, кога се одбележува годишнината од падот на Вуковар. Авторите на петицијата тврдат дека и во Ниш за време на војната биле затворани и малтретирани хрватски бранители и цивили.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
darko-dimitrov ВИДЕО

(Видео) „Од осмо одделение имав фирма за компјутери“ – Дарко Димитров за почетоците пред музиката

пред 1 час
media-librarydi38upvdqccleEeby1u

„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла

пред 1 час
media-libraryfvf9jl4dvblq8IFGGWJ ВИДЕО

(Фото) „Филмската индустрија кај нас е издишана“ – Тони Михајловски за состојбата со домашната продукција

пред 4 часа
media-libraryk1bn9q4er8bm6cerbR1 ВИДЕО

(Видео) Дарко Димитров вели дека Боки 13 е „виновен“ што почнал да работи низ цел Балкан: „Да не си бил ти, јас може уште би седел тука“

пред 5 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања