„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла
Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи по повод петицијата со која се бараше откажување на новогодишниот концерт на Северина Вучковиќ во Тузла, но очигледно не знаела дека иницијативата во меѓувреме веќе била отстранета.
Во Тузла беше покрената граѓанска петиција со барање да се откаже настапот на Северина на плоштадот „Слобода“, а предвидените средства за концертот да се пренаменат за потребите на локалниот клинички центар.
Сепак, поради слабиот одѕив и недоволната поддршка, петицијата била избришана само неколку часа по објавувањето.
И покрај тоа, Карлеуша на социјалната мрежа Икс ја коментирала иницијативата, пишувајќи:
„Не можеш вечно да им правиш зло на другите, а тоа да не ти се врати како бумеранг“.
Медиумите во Босна и Херцеговина за покренувањето на петицијата известиле во петокот навечер, но таа набргу исчезнала од интернет поради недоволната поддршка.
Иницијативата за откажување на концертот на Северина следуваше по случувањата во Сплит, каде што градоначалникот Томислав Шута одлучи да не го потпише договорот за настапот на Дино Мерлин на сплитскиот Адвент, по притисокот од дел од јавноста.
Ова не е првпат Карлеуша јавно да ја критикува Северина. Во 2024 година ја прозиваше поради нејзините изјави за геноцидот во Сребреница и операцијата „Олуја“, а се огласи и по задржувањето на пејачката на српската граница.
На почетокот на 2026 година, Карлеуша ја обвини Северина дека е платена за да ја критикува Србија.
Инаку, Карлеуша во минатото јавно ја фалела Северина, а во 2013 година присуствувала и на нејзиниот концерт во Белград.
Бура во Тузла поради Северина: Покрената петиција за откажување на новогодишниот концерт
Во Тузла е покрената петиција со која се бара откажување на концертот на Северина Вучковиќ, планиран за новогодишната ноќ, на 31 декември 2026 година. Граѓаните кои стојат зад иницијативата сметаат дека средствата наменети за организација на новогодишната програма треба да се пренасочат кон здравствениот сектор.Петицијата е објавена на интернет-платформата Peticijeonline.com и е упатена до Градската управа на Тузла. Во неа се бара парите предвидени за концертот да се искористат за набавка на мед
Сцена | пред 1 ден