Медиасет.мк

#ТРЕНД

Бисерна дијадема на царицата Евгенија од Франција

Десетици илјади луѓе потпишаа петиција со која се повикува принцот Хари, војводата од Сасекс, засекогаш да се тргне од кралското семејство, објавија британските медиуми.

Петицијата ја покрена кралскиот биограф Лејди Колин Кембел, авторка на книгата „Меган и Хари: Вистинската приказна“.

Повеќе од 30 000 луѓе го ставија својот потпис , според „Мирор“.

Лејди Кембел изјави за „Дејли стар“  дека Хари треба да побара од кралицата да ги стави во мирување неговите титули, што значи дека тие ќе бидат во привремено одземени или суспендирани.

„Јас го започнав ова затоа што мислам дека тоа е вистинската работа. Зборував со луѓе, многу луѓе, кои сметаат дека тоа е вистинската работа и тоа е решението“, рече таа.

„Тоа е достоинствено решение за сите засегнати. Никој да не понижува и никој да не штити никого. Мислам дека тоа е хуман начин за решавање на многу жална ситуација“.



Трендинг

На почеток
error: