#ФОКУС
Битиќи: Оние кои ќе работат во недела, ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден
Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат во недела ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, соопшти вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Битиќи во гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“, посочи дека пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела.
– Вчера имавме Економско-социјален совет и веќе сме пред крајното решение. Имаме уште мали нијанси и сметам дека следната недела ќе ги прецизираме.