#ТРЕНД
Борис Новковиќ за разводот од 25 години помладата жена
Во хрватските медиуми деновиве се пишува за разводот на Борис Новковиќ (52) и неговата 25 години помлада сопруга Ирис Волф. Во интервју за „Стори“, популарниот музичар вели дека тој и Ирис воопшто не разговарале за развод, иако веќе подолго време не живеат заедно. Тие лани во април ја добија ќерката на која ѝ дадоа необично име, Си.
„Ирис и јас сме раздвоени одамна. Тоа беше договорено, се разделивме пријателски и заедно се грижиме за ќерката од првиот ден. Времето ќе покаже што ќе биде меѓу нас. Ме чудат пишувањата во медиумите. Јас и Ирис не спомнавме меѓу нас дека се разведуваме“, рекол Новковиќ во интервјуто.
Музичарот, кој ретко зборува за приватниот живот во јавноста, зад себе веќе има три пропаднати брака – со глумицата Бојана Грегориќ-Вајзовиќ, со новинарката Луција Матиќ и со 19 години помладата Инес Катиќ. Со неа има и два сина, Ноа (11) и Бон (8). Неговата сегашна сопруга, Ирис, е модел, а во 2015 година е избрана за најсекси жена во Хрватска.