#ТРЕНД
Брена на синот Стефан му купи „порше“ од 130.000 евра
Фолк-ѕвездата Лепа Брена за 28. роденден на синот Стефан му купи „порше панамера“, кое чини 130.000 евра. Брена, која ја чувала колата во гаража, не издржала до роденденот, туку решила да го изненади уште минатата недела, пишува „Информер“.
„Брена на Стефан му купи кола веднаш по укинувањето на вонредната состојба. Планираше клучевите од автомобилот да му ги даде на роденденот, ама не издржа. Пред една недела го паркираше ‘поршето’ во дворот на вилата на Бежаниска Коса и организираше ручек за целото семејство. Брена и Боба очекуваа дека ќе скока од радост, но тој беше ладен како шприцер“, рекол извор близок на семејството за порталот.
Според него, Стефан се труди во јавноста да не остава впечаток на мамин и татин син и затоа не сака родителите да му купуваат скапи работи.
„Стефан никогаш не сакаше да зависи од Брена и од Боба, дури и станот си го купи на кредит. На Брена и Боба им рекол дека не требало да му подарат нешто толку скапо. Браќата Виктор и Филип едвај го убедиле да го прифати подарокот“, раскажал изворот.