#ТРЕНД
Британската пејачка Дафи тврди дека била дрогирана, силувана и заробена со денови
Британската пејачка Дафи вели дека со години била надвор од центарот на вниманието на јавноста за да се фокусира на закрепнување од „насилно дрогирање и силување во заробеништво повеќе денови“.
Велшанката, добитничка на „Греми“, во вторникот на својот Инстаграм напиша дека ѝ треба време да закрепне и воедно ги замоли своите фанови да ја поддржат.
Таа ќе открие повеќе детали во интервју кое ќе биде објавено наскоро.
„Се прашувате зошто не го искористив гласот за да ја изразам својата болка? Не сакав на светот да му ја покажам тагата во очите. Се прашав како можам да пеам од срце ако е скршено. И полека тоа почна да закрепнува“, напиша Дафи.
Таа не откри други детали и побара почит и трпение додека не реши да открие повеќе. Претставникот на Дафи не одговори на порака во која се бара коментар.