#ТРЕНД

Бруно Дуарте сними геј порно со свршеникот Хозе Лопез: Не ми е гајле што велат луѓето

Објавено на

Бруно Дуарте стана познат во 2017 година откако се појави во петтата сезона на хит-ријалити шоуто „Под палуба“ (Below Deck).

Стјуардот на јахта, улогата што ја игра во шоуто, неодамна разви нова фан-база, појавувајќи се во еден сосема нов жанр.

Тој го направи своето деби во филм за возрасни со свршеникот Хозе Лопез, во кој двајцата имаат страствена сцена. Филмот е на компанијата за геј порно продукција „Колт студио груп“ (Colt Studio Group).

31-годишниот Дуарте на својот Инстаграм објави неколку фотографии со својот свшеник и се пофали со филмот (насловен Бруно и Хозе), кој брзо се распродаде на веб-страницата на компанијата.

Што се однесува до ризичниот потег во кариерата, Дуарте не е загрижен за потенцијалната реакција на неговите фанови од реалното шоу.

„Не ми е гајле што велат луѓето или што мислат. Тоа е мој живот, сакам порно, сакам секс и не би сменил ништо. Ако на луѓето не им се допаѓа … не гледајте!“ изјави Дуарте.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version