#ТРЕНД

Брус Вилис со бившата и сегашната жена во карантин

Објавено на

Холивудскиот глумец Брус Вилис еден месец беше во карантин со бившата жена Деми Мур и нивните ќерки. Сега со нив е и неговата сопруга Ема Хеминг и нивните ќерки. Претходно Ема беше во Лос Анџелес со ќерките Евелин и Мабел, а таа и Брус комуницираа преку телефон и преку социјалните мрежи. Ема често коментираше и на сликите што Деми ги објавуваше на „Инстаграм“.

За потсетување, 28-годишната ќерка на Деми и Брус, Скаут, објави семејна слика и објасни дека поранешните сопружници завршиле заедно во карантин.

„Мојата маќеа требаше да дојде тука со моите две мали сестри, но постарата, која треба да наполни шест години, не знаеше дека не треба да ги допира фрлени игли. Ги пронашла во паркот и се обидела да ги забоде во патика, па се прободела во нога“, објасни Скаут зошто Ема и децата не се во карантин со нив.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version