Медиасет
Будва ја понесе титулата омилен геј град
Будва и минатата година останала една од најпопуларните дестинации на Јадранот за склучување истополови животни партнерства, особено меѓу странски државјани, покажуваат податоците од годишниот извештај на Секретаријатот за локална самоуправа на општината.Според официјалните информации, во периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година во службените простории на Општина Будва биле склучени 45 животни партнерства меѓу лица од ист пол од територијата на Будва и Петровац.Иако бројката е помала во однос на 2024 година, кога биле регистрирани 70 вакви партнерства, Будва и понатаму останува една од најбараните дестинации за истополови двојки кои сакаат да го формализираат својот однос.Според податоците на општината, најголемиот дел од партнерствата – вкупно 39 – биле склучени меѓу странски државјани кои немаат црногорско државјанство.Четири партнерства биле меѓу лица каде едниот партнер е државјанин на Црна Гора, а другиот странски државјанин, додека само две партнерства биле склучени меѓу црногорски државјани, кои не се жители на Будва туку на други општини во земјата.Статистиката покажува дека бројот на истополови партнерства во Будва растел во изминатите години откако во Црна Гора почна примената на законот што дозволува ваков вид заедници.Во 2023 година биле регистрирани 56 партнерства, во 2022 година 26, додека 2024 година останува рекордна со 70 склучени истополови партнерства.Будва во летото 2021 година беше првата општина во Црна Гора каде беше склучено истополово партнерство. Тогаш, кон крајот на јули, две жени со потекло од Балканот беа првата двојка која официјално го регистрираше својот животен партнерски однос.