Медиасет.мк

#ТРЕНД

Цеца стана баба, Богдана на свет го донесе синот Жељко

Богдана и Вељко Ражнатовиќ станаа родители, а Цеца на 46 години стана баба.

Богдана во 10:40 часот на свет го донесе синот на кого ќе му го дадат името Жељко, по таткото на Вељко.

Породувањето било со царски рез во приватна клиника во Белград, а сопругата на српскиот боксер ја породи истиот лекар, д-р Пророчиќ, што ја породи Цеца Ражнатовиќ.

Како што пишуваат српските медиуми, Вељко присуствувал на породувањето. Бебето е 3.360 грама, долгo 53 сантиметри и во одлична состојба.

Инаку Богдана и Вељко се венчаа на 24.11.2019. година, а претходно беа во врска две и пол години.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: