#ТРЕНД
Цеца стана баба, Богдана на свет го донесе синот Жељко
Богдана и Вељко Ражнатовиќ станаа родители, а Цеца на 46 години стана баба.
Богдана во 10:40 часот на свет го донесе синот на кого ќе му го дадат името Жељко, по таткото на Вељко.
Породувањето било со царски рез во приватна клиника во Белград, а сопругата на српскиот боксер ја породи истиот лекар, д-р Пророчиќ, што ја породи Цеца Ражнатовиќ.
Како што пишуваат српските медиуми, Вељко присуствувал на породувањето. Бебето е 3.360 грама, долгo 53 сантиметри и во одлична состојба.
Инаку Богдана и Вељко се венчаа на 24.11.2019. година, а претходно беа во врска две и пол години.