Медиасет.мк

#ТРЕНД

Цетински ќе го тужи уредникот на радио Драва

Хрватскиот музичар Тони Цетински ќе го тужи музичкиот уредник на радио Драва, Бојан Хорват, Радиото ја бојкотира музиката на Цетински веќе неколку дена, откако пејачот јавно изјави дека нема да се вакцинира против корона.

„Немам веќе намера да се расправам со полуписмени кои којзнае како дошле до некоја позиција. Отсега за овој случај ќе разговарам само преку адвокат“, рекол Цетински за „Вечерњи лист“.

Цетински изјавил и дека ќе ја добие тужбата, а дека потоа парите ќе ги донира за хуманитарни цели.

Инаку, Тони и Бојан се расправале и преку „Фејсбук“, кога Цетински напишал дека е подобро да го пратат на Голи Оток отколку да се вакцинира. Според него, музичкиот уредник се приклучил на расправата и освен што се карал со Цетински, почнал да се кара и со неговите пријатели на Фејсбук.

„Немам ништо против вакцина ако некој еден ден докаже дека тоа не е штетно за моето дете.  Ако еден ден тоа го докажат, јас ќе се вакцинирам а до тогаш нема шанси”, објаснил Цетински и додал дека многу луѓе му се јавиле за да го поддржат неговиот став.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: