Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Четири години без Аки: гласот што со децении ја полнеше Македонија со емоции

Медиасет.мк
пред 8 месеци
Screenshot-2022-01-22-at-14.12.24

Аки Рахимовски засекогаш е запишан во музичката историја како еден од најпрепознатливите вокали на овие простори.

Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но израснал во Скопје, каде што уште рано го покажал својот талент за музика.

Неговиот татко, музички педагог, го поттикнувал интересот кон музиката, а Аки уште како дете почнал да свири клавир и тапани. Во тинејџерските години се приклучил на повеќе рок-бендови, што го означило почетокот на неговата музичка кариера.

Како тинејџер бил член на неколку состави, меѓу кои групите Вакуум, Крвна браќа и групата Тор, со која настапил на фестивал во Загреб во 1975 година. Таа година ги запознава гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ – Хус и Јурица Паѓен. Истата година, во соработка со менаџерот Владимир Михалјек – Миха, ја формираат првата постава на Парни валјак.

Првата постава на Парни валјак ја сочинувале: Аки Рахимовски (вокал, клавир), Хусеин Хасанефендиќ – Хус (соло и акустична гитара, вокал), Среќко Антониоли (тапани), Златко Миксиќ – Фума (бас-гитара) и Јурица Паѓен (соло и акустична гитара). Во триесетгодишната кариера, Парни валјак објави 16 студиски албуми, 14 синглови, пет албуми во живо, четири компилации и два концертни ДВД-изданија.

Првиот албум со Парни валјак го објавуваат во 1976 година под наслов Дођите на шоу!, во издание на белградската дискографска куќа ПГП-РТБ. Една година подоцна, загрепски Југотон го пласира вториот албум Главом кроз зид. Третиот студиски албум Градске приче е објавен во 1979 година и добива и светска дистрибуција под името City Kids.

Четвртиот албум Вруће игре излегува во 1980 година и, како и претходниот, е снимен во студиото CSB во Милано. Во 1981 година следи албумот Вријеме је на нашој страни, а потоа Главном улицом (1983) и Ухвати ритам (1984).

Сите албуми постигнале златни и платинести тиражи, со вкупна продажба од неколку милиони примероци. Во 1985 година го објавуваат албумот Покрени се!, а во 1987 година Анђели се досађују?, на кој се наоѓа култниот хит „Јесен у мени“.

Кон крајот на осумдесеттите се формира последната постава на бендот, а во 1990 година е објавен албумот Ловци снова. По повод 15 години постоење, во 1991 година излегува албумот во живо Свих 15 година, како и компилацијата Пусти нек траје.

Во 1992 година на бендот му се приклучува и еден од најдобрите хрватски гитаристи, Маријан Бркиќ – Брк. Во 1993 година го снимаат албумот Буђење, кој освојува дури шест награди „Порин“. Две години подоцна го издаваат еден од најпродаваните албуми во историјата на хрватската музика – Без струје: Live in ZeKaeM.

Албумот Заставе е објавен во 2000 година, а Претежно сунчано? во 2004 година. По повлекувањето на Хус од концертните активности во 2005 година, бендот продолжува под водство на Аки и во 2007 година го издава албумот У времену изгубљених.

Во 2009 година Парни валјак се враќа на сцената со голема турнеја низ Хрватска.

Во приватниот живот, Аки Рахимовски бил исклучително дискретен. Двапати бил во брак, има син Кристијан – исто така музичар, ќерка Едина, а во 2020 година, само две години пред смртта, со својата партнерка Барбара Весел доби и ќерка Антонија.

Аки Рахимовски почина на 22 јануари 2022 година, на 66-годишна возраст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

2110449_profimedia0491810859-pronc-hari-megan-markl_ls

Хари и Меган ќе го поминат Божиќ со мајката на Меган, а не со кралското семејство

Сцена | пред 5 часа

media-library52nl369hif24a0jDsPz

Пристигнува MacBook со екран на допир: Apple подготвува големи новитети

Технологија | пред 9 часа

actor-george-clooney-and-lawyer-amal-clooney-enter-the-news-photo-1664279400

Џорџ Клуни првпат проговори за смртта на Пресли Гербер: „Една од најтешките работи што може да му се случат на едно семејство“

Сцена | пред 15 часа

media-library5dsq4cngf4stf51N7R2

Водителот ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор ги насмеа сите

Сцена | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања