Мајли Сајрус организираше предсвадбена вечера, објавени фотографии од прославата
Пејачката Мајли Сајрус и нејзиниот свршеник Макс Морандо организирале предсвадбена вечера за гостите, а фотографии од настанот, одржан во петокот, објавила Лили, ќерката на Доминик Персел, сопругот на мајката на Мајли, Тиш Сајрус.

На фотографиите се гледаат свечено украсени маси со цвеќе и менија со иницијалите „М+М“. На гостите им биле понудени филе мињон и равиоли полнети со јастог, додека за десерт биле послужени чоколадна торта со карамела, ванила крем-бруле и шербет од малина.
Според порталот „ТМЗ“, свадбата треба да се одржи овој викенд во јужна Калифорнија. Извори наведуваат дека пејачката во изминатите недели одбивала деловни понуди за да се посвети на подготовките. Пред церемонијата била забележана и на маникир во Лос Анџелес.

Фотографиите од вечерата не откриваат кои други гости присуствувале, ниту каде точно се одржал настанот.
Мајли Сајрус и Макс Морандо се свршија кон крајот на 2025 година, по четиригодишна врска.