Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Лозано најави седум настапи во САД и голем солистички концерт во Скопје

277910494_401685251332515_2272275829076403867_n

Македонскиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано подготвува музички настапи во САД, но и голем концерт пред домашната публика. Најавена е турнеја со седум настапи во американски градови, а на 5 март 2027 година ќе одржи солистички концерт во Македонската филхармонија во Скопје.

Според објавената програма, турнејата требаше да започне на 20 ноември во Детроит, Мичиген, а следниот настап е најавен за 21 ноември во Краун Поинт, Индијана. Во распоредот се вклучени и Форт Лодердејл на 25 ноември, Колумбус на 27 ноември и Рочестер на 28 ноември. За почетокот на декември се предвидени концерти во Чикаго и Седар Гроув, Њу Џерси.

На дел од настапите како гостин ќе се приклучи Ристе Тевдоски, додека на концертот во Флорида е најавено и присуството на Дарко Илиевски. Турнејата ќе му овозможи на Лозано да се сретне со македонската дијаспора и љубителите на неговата музика во повеќе американски градови.

По настапите во САД, пејачот ќе се подготвува за концертот во Скопје, насловен „Километри љубов“. Најавено е дека публиката ќе има можност да ги слушне неговите познати песни, но и преработки на македонски композиции. На сцената ќе има и гости, чии имиња дополнително ќе бидат објавени.

Меѓу песните по кои Лозано е препознатлив се „Километри“, „Сонце не ме грее“, „Мандарина“ и „Јако, јако“. Во 2013 година, заедно со Есма Реџепова, ја претставуваше Македонија на Евровизија во Малме, Шведска.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
severina

Бура во Тузла поради Северина: Покрената петиција за откажување на новогодишниот концерт

пред 4 часа
media-library8d042j9bkidk1J86Aca ВИДЕО

(Видео) Спасен Сиљаноски ги воодушеви фудбалските ветерани во Битола: Го повикале од Скопје да им ја испее „Мајка“, а тој веднаш тргнал!

пред 5 часа
Dino-Merlin-by-Edvin-Kalic-1024x683-1

Се огласи тимот на Дино Мерлин по откажувањето на концертот во Сплит: „Нанесена му е штета на угледот“

пред 6 часа
media-library9j5o9s1br6ik3AzGbjp

Јапонците направија телефон за оние што сакаат да се одморат од интернетот

пред 6 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања