Медиасет

Четири години без Аки: гласот што со децении ја полнеше Македонија со емоции

Објавено на

Аки Рахимовски засекогаш е запишан во музичката историја како еден од најпрепознатливите вокали на овие простори.Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но израснал во Скопје, каде што уште рано го покажал својот талент за музика.Неговиот татко, музички педагог, го поттикнувал интересот кон музиката, а Аки уште како дете почнал да свири клавир и тапани. Во тинејџерските години се приклучил на повеќе рок-бендови, што го означило почетокот на неговата музичка кариера.Како тинејџер бил член на неколку состави, меѓу кои групите Вакуум, Крвна браќа и групата Тор, со која настапил на фестивал во Загреб во 1975 година. Таа година ги запознава гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ – Хус и Јурица Паѓен. Истата година, во соработка со менаџерот Владимир Михалјек – Миха, ја формираат првата постава на Парни валјак.Првата постава на Парни валјак ја сочинувале: Аки Рахимовски (вокал, клавир), Хусеин Хасанефендиќ – Хус (соло и акустична гитара, вокал), Среќко Антониоли (тапани), Златко Миксиќ – Фума (бас-гитара) и Јурица Паѓен (соло и акустична гитара). Во триесетгодишната кариера, Парни валјак објави 16 студиски албуми, 14 синглови, пет албуми во живо, четири компилации и два концертни ДВД-изданија.Првиот албум со Парни валјак го објавуваат во 1976 година под наслов Дођите на шоу!, во издание на белградската дискографска куќа ПГП-РТБ. Една година подоцна, загрепски Југотон го пласира вториот албум Главом кроз зид. Третиот студиски албум Градске приче е објавен во 1979 година и добива и светска дистрибуција под името City Kids.Четвртиот албум Вруће игре излегува во 1980 година и, како и претходниот, е снимен во студиото CSB во Милано. Во 1981 година следи албумот Вријеме је на нашој страни, а потоа Главном улицом (1983) и Ухвати ритам (1984).Сите албуми постигнале златни и платинести тиражи, со вкупна продажба од неколку милиони примероци. Во 1985 година го објавуваат албумот Покрени се!, а во 1987 година Анђели се досађују?, на кој се наоѓа култниот хит „Јесен у мени“.Кон крајот на осумдесеттите се формира последната постава на бендот, а во 1990 година е објавен албумот Ловци снова. По повод 15 години постоење, во 1991 година излегува албумот во живо Свих 15 година, како и компилацијата Пусти нек траје.Во 1992 година на бендот му се приклучува и еден од најдобрите хрватски гитаристи, Маријан Бркиќ – Брк. Во 1993 година го снимаат албумот Буђење, кој освојува дури шест награди „Порин“. Две години подоцна го издаваат еден од најпродаваните албуми во историјата на хрватската музика – Без струје: Live in ZeKaeM.Албумот Заставе е објавен во 2000 година, а Претежно сунчано? во 2004 година. По повлекувањето на Хус од концертните активности во 2005 година, бендот продолжува под водство на Аки и во 2007 година го издава албумот У времену изгубљених.Во 2009 година Парни валјак се враќа на сцената со голема турнеја низ Хрватска.Во приватниот живот, Аки Рахимовски бил исклучително дискретен. Двапати бил во брак, има син Кристијан – исто така музичар, ќерка Едина, а во 2020 година, само две години пред смртта, со својата партнерка Барбара Весел доби и ќерка Антонија.Аки Рахимовски почина на 22 јануари 2022 година, на 66-годишна возраст.

Трендинг

Exit mobile version