Медиасет
Човекот чие шише го удри Новак во глава се огласил и имал порака за Србинот
Ил Фалко Марио Фери, момчето чие шише со вода падна врз главата на Новак Ѓоковиќ, се огласи на Инстаграм по инцидентот.
Неговото шише го удри во глава најдобриот светски тенисер, откако Србинот го совлада Корентано Муте во второто коло на Мастерсот во Рим.
Тој му се извини на Ѓоковиќ и рече дека тоа е несреќен случај.
„Сакав да се извинам за тоа што се случи на турнирот во Рим откако Ѓоковиќ го заврши својот меч. Моето шише со вода се лизна и падна врз главата на Ѓоковиќ. Многу луѓе мислат дека го направивме тоа намерно, но шишето само се лизна“, објави Марио Фери.
Инцидентот се случил откако Новак им пришол на навивачите да даде автограми.
„За жал, вакви работи се случуваат. Се надевам дека не е повреден. И јас му се извинив. Сакав да им кажам на оние кои навредуваат дека тоа не го направив намерно, туку случајно“, додаде Италијанецот.
Новак за среќа не е тешко повреден, а ден по инцидентот се појавил со кацига. На видеото кое се појави се гледа дека е расположен.
Ѓоковиќ во недела ќе игра против Алехандро Табило во третото коло на Рим.