Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

„Цветната штафета“ вчера беше дочекана и во Охрид

Медиасет.мк
пред 5 години
mir

Во пресрет на 24 мај – Денот на словенските просветители светите браќа Кирил и Методиј во организација на уметникот, хуманитарец и кандидат за Нобеловата награда за мир познатиот Живко Поповски – Цветин, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  и  ООУ „Св. Климент Охридски“ вчера заеднички  беше организиран  дочекот на Цветната штафета на мирот.

Живко Поповски– Цветин речиси целокупното свое творештво во изминатите три и пол децении  му го има посветено на цвеќето и на неговата мировна мисија, со основната порака: „ На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“

-На овој начин ја поддржавме идејата на познатиот Поповски – Цветин  преку неговата цветна штафета и од Охрид ( штафетата тргна на 21 јануари годинава од ОУ Живко Брајковски во Бутел – Скопје ) децата да ја испратат пораката за мир и љубов.   Не случајно бевме во ова училиште на ридот  кое го носи името на големиот Св. Климент Охридски. Сакавме во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески  пред денот на сесловенските просветители да ги споииме вековите и овој заслужен творец од областа на современиот македонски јазик, литература и култура  со светите Кирил и Методиј, Св. Климент и Григор Прличев за да останат врежани во колективната меморија на децата, рече Милчо Јованоски од Библиотеката „Григор Прличев“.

Охридската библиотека  на околу 70 деца – учесници им подари по една книга, ја збогати и нивната училиштна библиотека со дела од познатиот автор Миле Волканоски, Вера М Самарјанин и Живко Поповски – Цветин а за својот ангажман сите деца и наставници – учесници добија мали минијатури со цветна порака од  сликарот Цветин.

– Сакам да се заблагодарам на уметникот и хуманитарец Цветин и на Библиотеката што го одбраа нашето училиште за овој настан. Радоста на децата беше нешто најубавото што го почуствуваме сите на завршниот чин со читање на пораката за мир и љубов и нејзиното испраќање кон светот со пуштањето на балоните во разиграни бои.   Учениците од трето одделение од централното училиште и подрачното во населбата Далјан под менторство на нивните наставнички: Оливера Дамјановска, Ленче Лабоска, Виолета Јанковиќ и педагогот Славица Илиќ, неколку денови вредно цртаа и пишуваа творби посветени на мирот и љубовта. Фотографиите најдобро ќе ја илустрираат возбудата кај децата,  вели директорката на училиштето Наташа Танеска.

Над 55 000 слики „Цвеќе на мирот“ досега има подарено и се наоѓаат во колекциите на познати државници, политичари, поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија. Досега Поповски има организирано над 300 изложби на сите континенти.

Поповски е првиот македонски сликар чија ликовна изложба беше претставена на Интернет, под наслов „52 Цвеќиња на мирот за 52 години на ООН“ во 1997 година, по повод годишнината на ООН. Во 2009 година тој  беше кандидат за Нобелова награда за мир, кога од 205 кандидати, беше меѓу првите 5 во потесен избор.

Идејата е „Цветната штафета“ во текот на оваа година да ја обиколи целата наша земја а по можност да продолжи и на Балканот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Трендови | пред 21 час

media-library1ea7c0tmf62v35ATCh6

Најпознатата шпионка во историјата: Мата Хари и нејзиниот трагичен крај

Трендови | пред 1 ден

media-libraryrms82luqhn9m6Gx3yk6

Трагедија во национален парк во Кенија: 16 слонови угинаа од цијанид

Трендови | пред 1 ден

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Трендови | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања