#ТРЕНД

Д-р Беќаровски предупредува: Следи рапидно зголемување на бројот на заразени со ковид

Објавено на


Докторот од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет, Нико Беќаровски објави дека бројките на новозаразени со Ковид-19 ќе се зголемуваат во наредниот период.

-Бројките во дневната статистика за Ковид-19 ќе започнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што сепак болниците ќе ни останат полупразни, напиша на Фејсбук доктор Нико Беќаровски.

Министерството за здравство вчера информираше дека од направени 1.101 тест, регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19.

Трендинг

Exit mobile version