Медиасет.мк


Медиасет

Д-р Сашко Кедев испиша историја: Прв Македонец на сите 14 врвови над 8000 метри

Д-р Сашко Кедев постигна историски подвиг за Македонија – стана првиот Македонец кој се искачил на сите 14 светски врвови повисоки од 8000 метри.

Најновиот и последен во серијата успеси се случи утрово, кога како дел од експедицијата G1, предводена од „Имеџин Непал“, го освои врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Заедно со него на експедицијата учествуваа и Ванг Жонг од Кина, како и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.

„Со ова успешно искачување, д-р Кедев го заокружи предизвикот на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!“, објавија од тимот на експедицијата.

На почеток
error: