Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) „Мајка ми ми ги чува парите, чичко ми ми е втор татко“ – емотивна исповед на Никола Станишиќ

Никола Станишиќ, победникот во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, зад сценската слава носи приказна која ја објаснува тишината помеѓу аплаузите – приказна за скромност, одговорност и семејна љубов. Роден во скопското населено место Волково, Никола во „Вечер во Охрид со Ландов“, раскажува дека животот не му го подготвил лесниот пат. Растел без присуство на татко, а улогата на столб на семејството ја презел уште тој.

„Мене ме гледаа како машкото во семејството, главниот“, вели тој.

Најголемата поддршка – неговата мајка.

„Секогаш беше тука за мене, и во добро и во лошо. Никогаш не ме караше. Секогаш со добро ми велеше: ‘Никола, не треба вака’. Да не беше таа, денар немаше да соберам. Сè уште после свирки, парите ѝ ги давам на неа – таа ми ги чува“, признава со насмевка.

Во неговиот круг на доверба се и трите сестри, за кои – вели – му се и другарки и советнички. Знаејќи колку треба да вложува сега, тие му ја понудиле заштедата, за да продолжи по патот на успехот.

„Седнаа сите три и ми ги дадоа сите нивни заштедени пари. ‘Никола, вложи ги, ова е за тебе’ – ми рекоа. Тоа не се заборава“, додаде тој.

Особено емотивно зборува и за чичко му, кого го нарекува свој „втор татко“.

„Не бил татко ми тука во најважните моменти, ама чичко ми беше. Дури и кога ќе одев на одмор, ми ставаше пари во кола. Во финалето на Гранд – дојде, ми остави пари. Тивко, без збор, само рече ‘Еве ти чичин’. Такви работи не се забораваат“, додаде тој

Никола Станишиќ денес ја живее својата музичка приказна, но не заборава од каде почнал. Неговата благодарност, скромност и љубов кон семејството – остануваат столбот врз кој ја гради иднината.

Целиот разговор со него, изгледајте го тука:

На почеток
error: