#ТРЕНД
Да има пари, не значи да имаш хигиена, а има и пејачка која го докажа тоа
Познатата пејачка ги изненади фановите со изјавата за хигиена и потврди дека за време на неколкумесечната изолација била толку многу опуштена околу грижата за косата, што ја миела исклучително ретко.
„Мислам дека сум ја измила косата двапати во последните четири месеци. Еднаш за вас, а еднаш за сер Елтон Џон“, рече Мајли Сајрус.
Познатите дами често имаат фризери кои секојдневно ги уредуваат, така што Мајли веројатно не ја мие косата лично, но овој начин на хигиена не е добар за здравјето.
Пејачката е позната по својот секси имиџ, а неодамна, пред карантинот, ја откри својата нова омилена фризура, таканаречена ретро фудбалерка. Иако таа често носи екстензии и менува фризури, овој потег ги изненади фановите и нејзината лојална публика, објави „Ју-ес магазин“.