#ТРЕНД
Дакс Шепард проговори за битката со зависноста од лекови
Американскиот актер и комичар Дакс Шепард се чини дека има потешкотии во долгогодишниот пат до ослободување од зависноста од јаки седативи и опиоиди.
Повеќе од една деценија 45-годишниот актер се бори со зависноста од опиоиди, а деновиве призна дека по неговата неодамнешна несреќа со моторцикл, тој повторно почнал да зема Викодин.
Воведувајќи ја темата на неговиот подкаст канал „Армчеар експерт“, тој рече: „Имам огромен страв од тоа. Можеби некои луѓе ќе почувствуваат предавство затоа што проповедаме чесност а јас бев неискрен“.
Дакс продолжи да раскажува дека сообраќајната несреќа со неговиот моторцикл во август имала удел во рецидивот, но и дека тој се бори со рецидиви од 2012 година.