Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Дали би му го довериле животот? „Бош“ патентира резервен систем со кочење на „тач“

Медиасет.мк
пред 1 час
media-libraryegssd6526gf3eB7smbJ

Што би се случило доколку електронскиот систем за кочење во автомобилот откаже? Германскиот производител „Бош“ предлага резервно решение кое би му овозможило на возачот да го запре возилото со притискање на посебно копче.

Компанијата поднела барање за патент на систем за итно кочење, кој се потпира на три одделни контролни единици. Првите две би управувале со редовното кочење, додека третата постојано би ја надгледувала нивната работа и би реагирала доколку дојде до дефект.

Предвидени се две можности за активирање на резервниот систем. Според првата, возачот би можел да го притисне копчето за итно кочење поставено на екранот на мултимедијалниот систем во кабината.

Втората варијанта предвидува копче директно на воланот, кое би било полесно достапно во критична ситуација. Интензитетот на кочењето би се контролирал со времетраењето на притисокот – подолго притискање би значело посилно, а пократко – послабо кочење.

Ова решение би можело да обезбеди дополнителна можност за запирање на возилото доколку откаже редовниот систем. Сепак, употребата на копче на екранот во итна ситуација може да биде непрактична, додека поставувањето на воланот би овозможило побрз пристап.

Засега станува збор за патент, а не за технологија што е подготвена за примена во сериските автомобили. Предлогот покажува во каква насока размислуваат производителите за дополнителна безбедност кај сè поелектронските возила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library63o7m2404mdqbtJIuoe

Вашиот телефон може да стане микроскоп: Нов додаток открива детали од само осум микрометри

Технологија | пред 1 ден

media-libraryf2gg9k94vqjc5aqOFlc

Лоши вести за купувачите: Недостигот на RAM меморија ќе трае до 2030 година!

Технологија | пред 1 ден

media-libraryc0ala5nivlsj4ibdTZd

Што е 5G мрежа и дали навистина вреди да ја вклучите на телефонот?

Технологија | пред 2 дена

media-libraryqeln9amg07f60YnuQQB

Без најава нема пристап: Reddit воведува голема промена за корисниците

Технологија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања