Медиасет

Дали Чарлс и Камила се селат поради лошата здравствена состојба на кралот?

Објавено на

Кралот Чарлс III и кралицата Консорт Камила се подготвуваат да ја напуштат Кларенс Хаус.

Британската кралска двојка Чарлс и Камила досега престојуваа во Кларенс Хаус, но поради третманот на кралот Чарлс ќе се преселат во Бакингемската палата.

Извори блиски до кралското семејство минатата година изјавија дека работата во Бакингемската палата се забрзува, а според некои планови се би требало да биде готово до 2027 година, пренесува Hello!

Целта на овој потег е да му го олесни животот на кралот за да му биде поблиску и полесно да ги извршува секојдневните обврски, а исто така да му го олесни лекувањето, со оглед на тоа што се шпекулира дека тој не е во најдобро здравје по откривањето на ракот.

Со оглед на тоа дека се работи за сложен процес на преселување, кралот моментално бара нови членови на персоналот кои ќе имаат клучна улога во тоа. Нејзините претставници објавија оглас во кој бараат луѓе одговорни за „одржување, чистење и грижа за широк спектар на ентериери и предмети, обезбедувајќи тие да бидат претставени најдобро што можат“.

Во огласот исто така беше наведено дека од вработените ќе се бара да патуваат во други кралски резиденции во текот на годината до три месеци.

Трендинг

Exit mobile version