Медиасет
Дали Ѓоковиќ ќе го пропушти Вимблдон?
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе го пропушти Вимблдон поради повреда на коленото.
Одлуката на Новак Ѓоковиќ да се повлече од Ролан Гарос можеби и не беше толку неочекувана, бидејќи српскиот тенисер веднаш по осминафиналето ја изјави таа можност како реална.
Повредите на менискусот се доста чести кај спортистите, а тежината, болката и периодот на опоравување се различни од личност до личност, но евидентно е дека треба да помине уште малку време за се да се регенерира како што треба.
Новак Ѓоковиќ официјално не објави дека ќе го пропушти Вимблдон, но според докторот Антоан Геромета, кој во средата го оперираше Ѓоковиќ, не е реално српскиот тенисер да игра на Вимблдон.
Според него, мали се шансите целосно да закрепне за само три недели, вели докторот за Екип.