Медиасет.мк

Медиасет

Дали принцовите Вилијам и Хари конечно ќе се смират?

Во јавноста се појавија информации дека принцот Хари е подготвен да се смири со Вилијам и Кејт, само по „скромно извинување“.

По веста дека принцезата од Велс, Кејт Мидлтон се бори со ракот, низ медиумите почнаа да кружат шпекулации дали тоа ќе ги натера принцовите Вилијам и Хари конечно да се помират.

Откако Хари наводно рекол дека помирувањето ќе дојде кога Кејт и Вилијам понизно ќе му се извинат, кралскиот биограф Том Квин истакнал дека зад сè стои принцезата од Велс и нешто што било кажано во палатата, пренесува Мирор.

Иако нема официјални потврди, она што особено ги навреди Сасексите е наводно тоа што еден член од кралското семејство се запрашал каква боја на кожа ќе има нивниот син Арчи. Се претпоставува дека се работи за Кејт, а Хари навистина и замерил.

По тоа интервју со Опра Винфри, се огласи и Палатата и истакна дека расните прашања споменати во тоа интервју се „загрижувачки“, и дека Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството.

Не е познато дали Кејт навистина се грижела за бојата на кожата на децата на Хари, но сигурно е дека сè уште не дојде до помирување.

На почеток
error: