Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Алкараз по поразот во Мајами направи шоу

Вториот тенисер во светот Карлос Алкараз имаше шоу по мечот во кој беше поразен од Григор Димитров во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами со 6:2, 6:4.

Беше големо изненадување, но Димитров потврди дека е во феноменална форма.

Шпанецот по мечот истакна дека поразот не му бил тежок, и дека знае да го прифати неуспехот.

„Тој направи да се чувствувам како да имам 13 години. Знаете, тоа беше лудо. Разговарав со мојот тим, им кажав дека не знам што да правам. Не ги знам неговите слабости, не знам ништо! Ова ме прави фрустриран. Но, знаете, тенисот е борба и јас го напуштив теренот среќен поради нивото на кое играв“, изјави Алкараз.

Димитров во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев.

Трендинг

На почеток
error: