(Видео) Дарко Димитров вели дека Боки 13 е „виновен“ што почнал да работи низ цел Балкан: „Да не си бил ти, јас може уште би седел тука“
Дарко Димитров во „До полноќ со Принц“ раскажа дека разидувањето со Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го поттикнало да побара работа надвор од Македонија. Кога повторно разговарале, му рекол:
„Да не си бил ти, јас може уште би седел тука и би праел тоа што го правам, ама би останал на тоа место што сум“.
Димитров се присети дека во тој период имал впечаток дека го обвинувале што Јовановски не отишол на Евровизија. Тогаш, вели, решил да се насочи кон други пазари.
„Јас се свртив, почнав у Косово, у Албанија, у Србија“, раскажа продуцентот.
Во Албанија почнал со фестивали и вели дека таму успеал да го изгради она што претходно го изградил во Македонија.
„Мене ми се отвориле вратите да можам да работам низ цел бивши простор и пошироко“, рече Димитров.
Со Боки 13 извесно време не разговарале, а денес, вели, имаат добар однос. Димитров сè уште работи и во Македонија, иако поретко.
„Секој ден нешто продуцирам“, рече тој, набројувајќи ги Србија, Хрватска, Грузија и Црна Гора меѓу земјите за кои работи.